Османи на средба со Захариева
Foto

Османи на средба со Захариева

Османи и Захариева на иста маса во Софија - ќе има ли усогласување на акцискиот план? Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ненајавено отпатува во Бугарија и според информации на ТВ24 средбата со Захариева започнала половина час по слетувањето во Софија, односно во 16 часот по македонско време. 

Засега не се открива ниту дали ќе има прес конференција по средбата на двајцата министри. Она што е јасно е дека на масата за разговори во бугарското МНР или е акцискиот план.  

- Централна точка на преговорите очекувано е да биде акцискиот план меѓу двете земји. Повеќе информации за разговорите и за идните чекори очекуваме по враќањето. - велат од Влада на РСМ.

Османи претходно објави дека 99 отсто од Акцискиот план со Бугарија кој се однесува само технички детали и бизнис релации е усогласен. Но, кои се точките кои останале и кои мора да се договорат очи во очи со Захариева, не се откриваат. 

Захариева пак изминативе денови не остана без провокации - изјави дека Бугарија со месеци предлага да се одржи средба на меѓувладината комисија со Македонија за да се направи сериозна анализа на ситуацијата и дека степенот на усогласеност на  Македонија со заедничката надворешна политика на ЕУ е многу низок – под 50 проценти . На ова реагираше вицепремиерот Димитров кој на својот фејсбук профил напиша дека станува збор за скандалозна изјава и дека според последниот извештај на Европската комисија усогласеноста  изнесува 92%. 

Македонија и Бугарија во следниот период треба да ја оддржа втората меѓувладина седница која овојпат треба да се случи на македоснко тло. Разговорите пак околу спорните прашања за историјата ќе бидат на маса по бугарските избори во април.

0 Коментари

Остави коментари