Османи: Историчарите да го ублажат тонот
Foto

Османи: Историчарите да го ублажат тонот

Договорот за добрососедство со Бугарија ќе се допрецизира, потврдува министерот за надворешни работи Бујар Османи. Се уште е нејасно во каква форма би било тоа допрецизирање, дали со анекс на постоечкиот договор или ќе се примени друга форма.

Османи вели дека работни групи од двете земји на дневна основа работат на надминување на разликите на двете земји во однос на примената на Договорот за добрососедство. 

Премиерот Заев вчера изјави дека нема потреба за нов договор со Бугарија, и дека постојат начини да се допрецизира постојниот во форма на усна изјава, писмена декларација или нешто друго.

Дел од бугарските медиуми во меѓувреме пренесуваат дека Македонија со Бугарија ќе потпише анекс на постоечкиот договор. Министерот Османи денеска пак вели дека е оптимист дека ќе се псотигне решение со Бугарија и повика на ублажување на јавната реторика.

Премиерот Заев на 11 ноември во Софија треба да се сретне со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020, и очекувањата се дека до тој датум Северна Македонија и Бугарија треба да ги решат недоразбирањата за да се избегне блокада на Бугарија на почетокот на преговорите за земјава со унијата кои би требало да почнат во Декември.

0 Коментари

Остави коментари