Ослабениот Голден стејт го победи Портланд
Foto

Ослабениот Голден стејт го победи Портланд

НБА шампионот од пред две години, тимот на Голден стејт ја забележа втората победа оваа сезона и покрај проблемите со повредени играчи. Вориорс ноќеска го совладаа Портланд со 127:118 (34:32; 26:31; 27:20; 40:35).

Во отсуство на првата ѕвезда, Стеф Кари, најефикасен во победничкиот тим беше Ерик Паскал, со 36 поени.

За Голден стејт ова е втора победа на седумте средби од почетокто на сезоната. Портланд го забележа четвртиот пораз во шестиот негов натпревар.

Резултати на другите натпревари одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Вашингтон – Детроит 115:99

Бруклин – Њу Орлеанс 135:125

Мемфис – Хјустон 100:107

Минесота – Милвоки 106:134

Феникс – Филаделфија 114:109.

0 Коментари

Остави коментари