Оризарите не се задоволни од цената на арпата, ама засега нема да протестираат
Foto

Оризарите не се задоволни од цената на арпата, ама засега нема да протестираат

Оризопроизводителите не се задоволни од договорот со Владата, но засега нема да има нови протести. Сметаат дека цената на арпата и понатаму е прениска. Сега имаат уште едно барање до Владата, а тоа е да прогласи елементарна непогода во Кочанско поради врнежите. 

Причина е што се ожнеани одвај пет проценти од засеаните 4.000 ха под ориз. Врнежите ќе ја пролнгираат жетвата за најмалку две недели, а тоа многу лошо ќе се одрази и на квалитетот на оризот. 

Од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството велат дека една од причините поради што доцни жетвата на оризот е и задоцнетата сеидба, затоа што водостопанското претпријатие не ја пуштило навреме водата во нивите.

0 Коментари

Остави коментари