Ѓорческа во четвртфиналето на силниот ИТФ турнир во Швајцарија
Foto

Ѓорческа во четвртфиналето на силниот ИТФ турнир во Швајцарија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на силниот ИТФ турнир во Белинцона, Швајцарија.

Ѓорческа успешно ги мина квалификациите, како и првото коло, а во осминафиналната пресметка денеска ја победи италијанката Лукреција Стефанини во три сета.

Лина го загуби првиот со 6-1, но направи комплетен кам-бек и со 6-3, 6-0 дојде до победа. Во следното коло противничка на нашата тенисерка ќе и биде уште една Италијанка Лисија Бронцети.

0 Коментари

Остави коментари