Орце Камчев бара 1,5 милиони евра од Бојан Јовановски и Катица Јанева
Foto

Орце Камчев бара 1,5 милиони евра од Бојан Јовановски и Катица Јанева

Бизнисменот Орце Камчев бара да му бидат надоместени 1,5 милион евра од Бојан Јовановски, Катица Јанева и државата, поради што ги тужи пред Граѓанскиот суд.

Тој, ги бара парите кои наводно им ги дал на осудените во “Рекет”, иако додека траеше кривичната постапка  бизнисменот немаше статус на оштетен, туку на сведок.

Камчев од тужбата го изостави осудениот Зоран Милевски-Кичеец, односно од него не бара ниту евро. Она што е нејасно е и зошто бизнисменот бара сума од 1,5 милиони евра, кога наводно во торбата што му ја дал на Боки-13 имало еден мулион евра, а во несесерот која Ана Камчева наводно го однела во неговиот дом имало 350.000 евра. Остатокот, пак, од 150.000 евра требало да ги обезбеди Кичеец, но никогаш не се докажа дали тој брцнал во џебот за да му даде позајмица на Камчев.

Овие пари никогаш не беа пронајдени, ниту пак торбата “Луј Витон”. Адвокатите реагираа дека доколку во торбата имало еден милион евра таа требало да тежи 23 килограми, а на снимките од домот на Камчев се гледаше како Кичеец лежерно ја префрла торбата од една во друга рака како да не носи толкава тежина.

За случајот “Рекет”, Јовановски беше осуден на казна затвор од 13 години, Јанева од 9 години, а Кичеец на 3 години затвор, по признание на вина.

Јанева бара да присуствува на граѓанската парница на Камчев против неа, синот Лазар кој ѝ е адвокат, понуди да ги плати трошоците за спровод од Идризово. Во Основниот граѓански суд Скопје се собраа адвокатите на подготвителна расправа во граѓанската парница Јордан Камчев против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески-Кичеец (тројцата осудени во „Рекет”), како и против Јавното обвинителство и поранешното СЈО.

Во пресудата во Кривичниот суд за „Рекет”, Камчев е сведок, а не оштетен и не е упатен на Граѓанскиот суд да бара отштета. Но, со тужбата сепак бара обесштетување од коруптивно однесување.

Со тужба против тројцата и против државата, тој бара да му се вратат милион ипол евра. Не е познато зошто го тужи СЈО, кое не постои. Камчев ја поднел тужбата есента, откако станаа правосилни пресудите во случајот „Рекет” на Јовановски од девет години затвор, на Катица од 7 и на Милески од 3 години. Зошто се тужени обвинителствата, непознато е, а странките не изнесуваат детали дури парницата не почне.

Камчев не дојде на денешната расправа, го застапува Александар Михајловски адвокат. Сашо Дуковски е адвокат на Бојан Јовановски, кој е во затвор. Лазар Јанев, син на Катица Јанева, е нејзиниот бранител. Тој на почетокот го замоли судијата Андреј Димовски да одобри спровод на тужената Јанева од затворот Идризово, бидејќи сака да присуствува на расправите, што е нејзино законско право.

Судијата спомна дека потребно е трошоците за спровод да се платат, а го истакна и моментот за одолговлекување на постапката кога би се одело со носење на тужената од затвор.

„Вие судија одобрете, јас ќе ги платам трошоците за спровод, зашто тужената сака да присуствува на оваа расправа”, рече Јанев.

Адвокатот Владимир Медарски, ополномоштен од Александар Новаковски, на почетокот, на судијата му достави потпишана изјава од Јордан Камчев, дека се откажува од побарување на штета од Зоран Милески, осудениот во „Рекет”, кој призна вина. Фитим Касапи е правобранителот кој го застапува Обвинителството. Расправата се одложи за 14 февруари, зашто одговорот на тужбата странките не го ископирале во доволен број примероци и не го размениле меѓу себе.

0 Коментари

Остави коментари