Ѓорѓиев за ТВ 24: Доколку се инсистира на идентитетот по секоја цена нема да се најде решение за заедничко чествување
Foto

Ѓорѓиев за ТВ 24: Доколку се инсистира на идентитетот по секоја цена нема да се најде решение за заедничко чествување

Идејата да се одржи вонредна средба за да се најде решение за историските прашања и чествувањето на Гоце Делчев е контра продуктивна за професорот Драѓи Ѓоргиев, кој вели дека повикот на оваа средба од претседателот на бугарската комисија Ангел Димитров, ја доживува како повик за двобој. Претседателот на македонската историска комисија Ѓоргиев за телвизија 24 изјави дека поканта не ја прифаќаат и поради тоа што поголем број од членовите на комисијата се на годишен одмор, а преговорите ќе продолжатна редовниот состанок кој треба да се одржи на 12 и 13 септември.

Претседателот на Бугарската комисија и забележа на македонската страна и дека не е подготвена за поинтензивни средби на кои треба да се решат важни историски прашања, професорот Ѓоргиев пак смета дека таквите обвинувањата не се во духот на добрата работа на комисијата, шест средби кои се предвидени во текот на една година, за македонската комисија се ефективни и сосема доволни. Професорот Ѓоргиев посочи дека доколку на преговорите по секоја цена се инсистира на идентитеските прашања за Гоце Делчев тогаш нема да се најде решение помеѓу Бугарија и Македонија, затоа потребно е да се фокусираме на неговато хумано дело, а не потекло.

Бугорскиот премиер Бојко Борисов порача дека до октомври комисијата мора да најде решение за Гоце Делчев. Тој не одговои конкретно дали ако нема решение Бугарија ќе ја блокира Македонија на Европскиот совет, само потенцираше дека не би сакал да помисли да крене рака против земјава. Досега во неколку наврати бугарски политичари недвосмислено говореа за бугарско потекло на Гоце Делчев, а за претседателот на македонската комисија, Ѓоргиев убеденота дека вистината е само на едната страна, дијалогот го прави неуспешен.

0 Коментари

Остави коментари