Општините од Истокот без модел за секундарната гасификациска мрежа
Foto

Општините од Истокот без модел за секундарната гасификациска мрежа

Општините од Истокот се уште не пресекле сами или со јавно приватно партнерство ќе ја градат секундарната гасификациска мрежа. Иако Владата им даде рок до крајот на месецов сами да го одберат моделот по кој ќе се гасифицираат градоначалниците од Истокот се уште ги прават пресметките. 

Кочани и Виница, одлука ќе донесат откако ќе го добијат одговорот на кој чекаат една година, дали ќе се пушти крак кон овие општини од главната гасоводна цевка Штип-Неготино. Од одговорот ќе зависи и моделот што ќе го одберат.

Близината до главната цевка од гасоводот му дава предност на Штип, каде е предвидена изградба на секундарна мрежа во должина од 20 километри. Проектот е во завршна фаза. Летово ќе се знае колку ќе чини гасификацијата на општината.

За градоначалниците е важно додека тие ќе ја завршат секундарната гасификациска мрежа, државата да си ја заврши работата со изградбата на главниот цевковод и низ него да протече гас.  

При последната посета на источниот дел од државата министерот за транспорт и врски тврдеше дека нема застој во овој процес. Во привите три месеци се реализирале 26.7 проценти од предвидените средства од државниот Буџет, а поради интензитетот на активностите веројатно ќе се бараат повеќе пари за гасификација со неговиот ребаланс.  

 

0 Коментари

Остави коментари