ОПШТИНА СТРУГА ПОД КЛУЧ, АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ЗАРАЗЕН СЛУЖБЕНИК
Foto

ОПШТИНА СТРУГА ПОД КЛУЧ, АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ЗАРАЗЕН СЛУЖБЕНИК

Општина Струга оди во карантин најмалку до следниот понеделник.Вработениот кај кој е потврден вирусот ковид 19 работел на европски проекти и последнава недела работните обврски ги извршувал повеќе од дома, но имал блиски контакти со околу шестмина колеги од работа кои допрва ќе бидат тестирани, а останатите вработени од општинската зграда ќе се тестираат доколку пријават симптоми во следните неколку денови.Дел од  кадарот е ставен под мерка изолација, а зградата и канцелариите детално ќе бидат дезинфицирани.

Во Струга досегашната бројка на заболени од ковид 19 од почетокот на епидемијата со денешните 3 нови случаи се искачи на 127 од кои  49  се активни случаи.Но смртноста кај населението и понатаму е висока и тоа е она што најмногу ги загрижува епидемиолозите.Досега од оваа општина починаа 25 лица.

Во Охрид пак денеска се регистрирани 4 нови случаи на вирусот со што бројката на вкупно активни лица се искачи на  51. Новите случаи не се од кластерот ,,Мекицино другите скоро половина од сега активните потекнуваат од семејната веселба за новороденче. Од овој кластер има заразени и во фирми, јавни установи и институции, а не се исклучува бројот на позитивни случаи да расте и во наредните денови бидејќи се чекаат резултати од голем број лица поврзани со веќе потврдените заразени.

0 Коментари

Остави коментари