Општина Битола ги повика граѓаните да ги пријават штетите од поплавата
Foto

Општина Битола ги повика граѓаните да ги пријават штетите од поплавата

Синоќешната поплава во Битола остави уништени објекти, покуќнина и возила, кога за 15 минути наврнаа 36 литри на метар квадратен дожд. Најголеми штети се предизвикани во пониските делови на Битола, каде возилата пливаа во надојдената вода, а поплавени беа и визби и долни катови од згради кои биле изградени без канализација за атмосферска вода. Општина Битола ги повика граѓаните да ги пријават штетите за да бидат обештетени.

0 Коментари

Остави коментари