Опозицијата собира потписи за специјална Комисија за Ковид 19
Foto

Опозицијата собира потписи за специјална Комисија за Ковид 19

По ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците бара формирање на специјална Комисија за справување со корона пандемијата.

Заменик-координаторот на коалицијата Алијанса на Албанците - Алтернатива за ТВ24 вели дека се собираат потписи и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат измени на Законот за заразни болести.

Рушиди за ТВ24 порачува дека актуелната Комисија за заразни болести да си продолжи да постои, но за Ковид 19 мора да има експерти кои носат одлуки надвор од дневната политика.

0 Коментари

Остави коментари