Опозицијата против законот за новото СЈО, ќе помагаат ли Рикер и Хан за 2/3 мнозинство?
Foto

Опозицијата против законот за новото СЈО, ќе помагаат ли Рикер и Хан за 2/3 мнозинство?

Како ќе стигне власта до 2/ 3 мнозинство за законот со кој СЈО останува дел од организиран криминал? Ќе има ли нови пазарање во законодавниот дом или пак ќе проработи дипломатскиот булдожер?

Според избори во собранието – стартот на процедурата во собранитро ќе ги чекаат високите претставници на ЕУ и на САД, Јоханес Хан и Филип Рикер кои до крајот на неделава стигнуваат во Скопје. Ќе се сретнат со власта, опозицијата а виокиот американски дипломат и со осумте пратеници кои беа клучни за уставните измени. Ќе ја изиграат ли повторно тие главната улога. Засега од кај нив нема став за законот. Опозицијата од македонскиот и од албанскиот блок со свои услови. 

За коалицискиот партнер на Заев ДУИ – шефицата на новиот обвинитечлство не треба да биде работа на политичарите. Од СДСМ пак се надеваат на мнозинство гласови и очекуваат да проработи све4ста кај пратениците

Новото СЈО ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сите обвинители од сјо можат да продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат. истото важи и за останатиот персонал, а архивата, опремата ќе бидат префрлени во новото обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари