Опозицијата бара законски да се формира специјална комисија за Ковид-19
Foto

Опозицијата бара законски да се формира специјална комисија за Ковид-19

По ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците бара формирање на специјална Комисија за справување со корона пандемијата.

Заменик-координаторот на коалицијата Алијанса на Албанците - Алтернатива за ТВ24 вели дека се собираат потписи и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат измени на Законот за заразни болести. Досега потпишани се ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица.

Рушиди за ТВ24 порачува дека актуелната Комисија за заразни болести да си продолжи да постои, но за Ковид 19 мора да има експерти кои носат одлуки надвор од дневната политика.

Foto Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари