Оперска претстава „Орфеј и Евридика во Тетово
Foto

Оперска претстава „Орфеј и Евридика во Тетово

Здружението „Леге артист“ во соработка со манифестацијата „Лето на тетовската култура“ во Тетово по долго време ја поставуваат безвременската оперска претстава „Орфеј и Евридика“ од Кристофер Вилибал Глук.

Оперската претстава ќе се одржи денеска со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово.

Во улогата на Орфеј е мецо-сопран Бесиана Мемеди, Евридика е сопран Славица Петровска-Галиќ, додека, пак во улогата на Амор е сопран Нита Исмаили. Корепетитор ќе биде Андреј Наунов, а режијата и костимографијата се на Трајко Јордановски.

0 Коментари

Остави коментари