ОПЕРАЦИЈА „МЕТЛА“
Foto

ОПЕРАЦИЈА „МЕТЛА“

Вицепремиерот Кочо Анѓушев е релаксиран кога станува збор за најавената „метла“ од страна на премиерот Зоран Заев и оти тоа прашање е единствено во ингеренции на самиот премиер. Чест е да се биде дел од Владата, но исто така е и напор, вели тој. Сите кои се на државни функции треба да бидат свесни дека еден ден ќе ги напуштат, а и добро е да ги напуштат бидејќи не е така лесно да се биде во Владата, изјави Анѓушев.

– Мислам дека тоа прашање е во ингеренции на премиерот и не би си земал слобода да го дискутирам. Несериозно е од кој било друг да дава одговор на тоа прашање. Чест е да се биде дел од Владата, но исто така е и напор. Јас можам слободно да ви кажам дека сите тие кои заземаат државни функции треба да бидат свесни дека еден ден ќе ги напуштат, а и добро е да ги напуштат бидејќи не е така лесно да се биде во Влада. Јас комлетно сум релаксиран од тоа прашање и тоа е клучиво во ингеренциите на премиерот, рече на новинарско прашање вицепремиерот Анѓушев кој денеска имаше обраќање на регионална конференција за факторинг како алтернативен на финансирање на малите бизниси.

Во политички кругови се појавија шпекулации за смена на министрите Сугарески, Тевдовски, Филипче. Министерот за финансии не очекува смена, а на тоа се надева и Сугарески, кој сепак, за телевизија 24 вели дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот.

Филипче, кој дојде на функцијата, неколку месеци по локалните избори во 2017 година, кога Таравари стана градоначалник на Гостивар, минатата недела изјави дека не очекува да биде дел од метлата. Денес, пак, со став, последниот збор ќе го има премиерот.

Освен метла во Влата, Заев најави метла и на Бихачка. Таму на големо се зборува дека од позицијата генерален секретар ќе биде сменет Александар Кирацовски, кому сопратијците му забележуваат за непотизмот при вработувањата и резултатите на претседателски избори во првиот круг.

За партиската чиста потпретседател Мухамед Зекири без конкретни одговори.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кому не му се допаѓа терминот метла, затоа што, како што рече, звучи компромитирачки, порача веднаш по одмор на Заев ќе има средба со Ахмети.

За разрешувањата и именувањата на нови министри се очекува Собранието да расправа во почетокот на јуни. Тогаш треба да биде констатирано и разрешувањето на Хазби Лика од вицепремиер за Рамковен договор и да биде избран прв човек на новото Министерство за политички систем – најверојатно од редовите на ДУИ. Се споменува Садула Дураку, доколку Ахмети и Заев договорат евентуална рокада за животна средина со здравство, што би повлеко и смена на Филипче.

0 Коментари

Остави коментари