ОН: Најмалку 13.000 мигранти се наоѓаат на турско-грчката граница
Foto

ОН: Најмалку 13.000 мигранти се наоѓаат на турско-грчката граница

Обединетите нации денеска соопштија дека најмалку 13.000 лица се собрани на границата на Турција со Грција, откако Анкара соопшти дека веќе нема да ги спречува мигрантите да тргнуваат кон Европа.

Во соопштението на Организацијата на ОН за миграција се наведува дека најмалку 13.000 лица се собрани на официјалните гранични премини Пазракуле и Ипсала, пренесуваат американските медиуми.

Стотици мигранти тргнаа во петокот низ северозападна Турција кон границата со Бугарија и Грција. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу синоќа на Твитер објави дека земјата преку Едрене ја напуштиле 36.776 мигранти.

0 Коментари

Остави коментари