Омикрон сојот регистриран и во Хрватска
Foto

Омикрон сојот регистриран и во Хрватска

Во Хрватска денеска официјално се потврдени два случаи на инфекција со новиот сој на коронавирусот - омикрон, а тоа се луѓе кои не престојувале во Јужна Африка. Епидемиологот Горанка Петровиќ од ХИЈЗ изјави дека омикрон е потврден кај двајца хрватски државјани кои не престојувале во Јужна Африка, а биле на состаноци на кои имало гости од странство.

Овој сој кој се појави во Јужна Африка, во соседството прво беше откриен во Грција. Тој брзо се појави и прошири на европско тло, каде може да биде доминантен за кратко време.

Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот омикрон обично имаат поблага форма на болеста.

0 Коментари

Остави коментари