Маратонско финале на Вимблдон заврши со победа на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во дуелот со Роџер Федерер. Победникот повторно се решаваше по пет сета 3-2 (7-6/5, 1-6, 7-6/4, 4-6, 13-12)
Двајцата тенисери започнаа резервирано на стартот, во очекување на долга борба за титулата. Немаше многу брејк шанси во првиот сет кој се реши преку тај-брејкот. Ѓоковиќ беше максимално сконцентриран во клучните моменти и го зададе првиот удар во финалниот меч.
Сосема неочекуван старт имаше вториот сет кој донесе два одземени сервиси од страна на Федерер кој го загуби сетот со 6-1.
По неколку пропуштени брејк шанси на федерер, продолжението беше во негов стил. Тој успеа одново двапати да го одземе сервисот на противникот и многу лесно се избори за петти и одлучувачки сет.
Ѓоковиќ прв направи разлика и со брејк поведе со 4-2, но Федерер возврати и не дозволи трофејот да му побегне од раце така лесно. На крај повторно одлучуваа деталите, а Ѓоковиќбеше поуспешен во тај-брејкот за конечна победа од 13-12.
Ѓоковиќ се стекна со петтата титула на Вимблдон, односно стигна од својата 16-та грен слем титула во кариерата, само на четири од денешниот ривал.
0 Коментари