Ѓоковиќ ќе настапи во Дубаи
Foto

Ѓоковиќ ќе настапи во Дубаи

 Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на АТП турнирот во Дубаи, јавија локалните медиуми, кои имале увид во списокот ученици пријавени за турнирот закажан за последната недела од февруари.

Откако претходно овој месец австралиските власти го протераа Ѓоковиќ и му ја поништија визата, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, српскиот тенисер не настапи на Австралија опен и се врати во Белград преку Дубаи на 17 јануари.

Вакцинирање против Ковид-19 не е задолжително за влез во Обединетите Арапски Емирати, каде со барем една доза се вакцинирани сто отсто од населението.

0 Коментари

Остави коментари