Ѓоковиќ без проблеми се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Токио
Foto

Ѓоковиќ без проблеми се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Токио

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на Олимпијадата во Токио. Србинот претпладнево без поголема мака го победи Германецот Јан-Ленард Штруф со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Алехандро Давидович Фокина од Шпанија.

Место помеѓу 16-те најдобри досега изборија и Медведев, Фоњини, Карено-Буста, Кепфер, Басилашвили и Зверев.

0 Коментари

Остави коментари