ОХРИДСКО ЛЕТО – 59 ТО ТРАДИЦИОНАЛНО ИЗДАНИЕ
Foto

ОХРИДСКО ЛЕТО – 59 ТО ТРАДИЦИОНАЛНО ИЗДАНИЕ

Утревечер со почеток од 21 часот во Античкиот театар во Охрид, започнува 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето" со настапот на светски познатата британска виолинистка, Ванеса Меј.

Директорката Наташа Поповиќ, информира дека картите се веќе продадени, а интересот за присуство е огромен. Голема заинтересираност има и за останатите 39 фестивалски денови, кои нудат богата содржина од областа на музиката,театарот и уметноста. И годинава ќе гостуваат голем број уметници од светот и Балканот. Фестивалот започнува утре, а ќе трае до 20-ти август.

0 Коментари

Остави коментари