Охридската чаршија се празни,се повеќе дуќани ставаат клуч на врата
Foto

Охридската чаршија се празни,се повеќе дуќани ставаат клуч на врата

Охридската чаршија се испразнува.Се повеќе дуќани ставаат клуч на врата. Само во последните два месеци затворени се преку 10 од различни сектори, месарници, слаткари, текстил.

Од Чаршискиот еснаф велат нема туристи нема ниту промет, кириите мора да се плаќаат а нема од каде.Затоа газдите се повеќе се одлучуваат да затворат.Најлошо сепак е кај сувенирниците и бисерите.

И самите занаетчии кажуваат дека имаат огромен пад во прометот. Велат работата со занаетите од почетокот на пандемијата е борба за опстанок.

Според евиденцијата пак на регионалната занаетчиска комора во текот на 2020 година 11 занаетчии ги затвориле работилниците.Од почетокот на годинава досега клуч на врата ставил еден занаетчија.

Дополнително загрижуваат најавите дека и во следниот период ќе продолжи трендот на згаснување  и на други мали бизниси во Охрид.

 

 

0 Коментари

Остави коментари