Охридската болница регистрира благ пад во бројката на хоспитализирани пациенти од ковид 19
Foto

Охридската болница регистрира благ пад во бројката на хоспитализирани пациенти од ковид 19

Благо намалување или од 110 на 100 се симна бројката на вкупно хоспитализирани пациенти од ковид19 во Охридската болница, а порасна бројот на слободни кревети. Но, за жал се уште голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

40 од вкупно хоспитализираните се приклучени на кислород, а поголемиот дел од нив се со  тешка клиничка слика.На дневно ниво болницата троши по 50 боци кислород. 

Клучно за стабилизација на состојбата во болниците потенцираат здравствените власти е  граѓаните навреме да се лекуваат и да веднаш  да ги пријавуваат симптомите. 

Во тоа на охриѓани ќе им помогне и дополнителната здравствена поддршка преку мобилните медицински екипи кои ќе почнат со работа од вторник како дел од проектот "cross4all." Кардиолог, психолог, социјален работник и медицински сестри ќе вршат посета на домовите на пациенти со цел да им помогнат за превенција, заштита и дијагностицирање на болестите. Ќе се вршат медицински и психолошки прегледи на пациенти позитивни на ковид 19.

Мобилните медициски тимови ќе имаат на располагање теренско возило и современа, технолошки напредна медицинска опрема. Пациентите по потреба понатака ќе бидат упатувани во секундарните  или терцијалните здравстени установи, вели д-р Виолета Мојсоска од Кардиолошкиот завод.

Граѓаните прегледите ќе можат и претходно да ги закажуваат прегледите во ОО Црвен крст.

Овој проект општината заедно со Црвениот крст и Заводот за кардиологија ќе го стартува од вторник, а истиот ќе биде во функција во наредните шест месеци. Ќе се таргетираат повозрасни лица, лица со посебни потреби и оние кои живеат во изолирани рурални средини кои немаат адекватен пристап до здравствените услуги. Инаку  во Охрид од 21 до 27 ноември се дијагностицирани нови 221 лице позитивни на ковид 19, во истиот период оздравеле 176, а починале 3 лица.

0 Коментари

Остави коментари