Охрид го празнува Св. Климент, патронот на градот
Foto

Охрид го празнува Св. Климент, патронот на градот

Охрид со низа свечености го чествува Св Климент патронот на градот.Синоќа на традицоналната свечена академија беше доделена наградата за животно дело „Св. Климент Охридски - Патрон на Охрид“ на Љупчо Коцарев, познат и признаен интелектуалец, научник и актуелен претседател на Македонската академија на науките и уметностите. 

Светиклиментова Повелба постхумно е доделена и на Мишко Јузмески, писател, фотограф, културен и туристички работник. Јузмески остана запаметен и како научен истражувач, публицист и полиглот. Светиклиментова Повелба беше врачена и на  Гордана Лолеска, активист за правата на лицата со ретки болести како и на Здружението „Еко- ФАП“  доброволно, противпожарно и хуманитарно здружение.

Свечената академија со свој говор ја отвори градоначалникот Кирил Пецаков.

Чествувањата на „Свети Климент“ продолжија денеска со поклон  пред моштите на „Свети Климент Охридски“ во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник.

0 Коментари

Остави коментари