ОЈО за тв 24: Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело со паркингот кај Холидеј Ин ќе постапиме
Foto

ОЈО за тв 24: Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело со паркингот кај Холидеј Ин ќе постапиме

Дали обвинителството планира да поведе постапка за случувањата врзани со настаните произлезени од паркингот наспроти Холидеј ин, од продажбата на државното земјиште за 312 евра за метар квадратен па се до повторното агнажирање на планерската куќа „Билд урбан“ како и одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот?

Но, и дали обвинителството планира да се испита законитоста и одговорноста бидејќи дел од поранешни и сегашни членови на ДКСК сметаат дека во целиот случај постои висок ризик на корупција со сомнеж за организиран криминал? Од Обвинителството за ТВ 24 велат дека: 

„Јавното обвинителство ги следи сите информации во врска со случувањата за кои покажувате интерес и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, ќе постапи согласно своите законски надлежности.“ - велат за ТВ 24 од ОЈО.

Една од 4-те градежни парцели на која ќе се гради беше државно земјиште кое што со амин од Министерството за транспорт и врски беше продадено за сума од 312 евра за метар квадратен. Тогашниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески тврдеше дека се е согласно закон и дека продажбата е извршено согласно прибавено позитивно мислење од Државното правобранителство. Но, антикорупционерите во нивните предмети токму за оваа локација потенцираа дека тоа земјиште е продадено во време кога ДУП-от се наоѓаше под мораториум. ТВ 24 го побара поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески кој пак спротивно на антикорупционерите тврди  повторно дека се е согласно закон.

ТВ 24 го побара и сегашниот министер за транспорт и врски Благоја Бочварски во чии раце ќе лежи евентуалната одлука за суспензија на плановите доколку градоначалникот Богдановиќ одлучи да поднесе суспензивни елаборати.

Но, Бочварски остана недостапен дали ќе ги прифати суспензивните елаборати. Во меѓувреме МПЦ и Зоран Антиќ чекаат на потпис на градежната дозвола од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ.

0 Коментари

Остави коментари