ОЈО со обвинителен акт за лице кое ги оштетило ИПАРД сретствата на ЕУ
Foto

ОЈО со обвинителен акт за лице кое ги оштетило ИПАРД сретствата на ЕУ

ОЈО покрена обвинителен акт против 32 годишен штипјанец за злоупотреба на сретствата од ИПАРД програмата на ЕУ. Како што информираат во дописот до јавноста лицето искористувајќи ист траен однос со превземање на временски поврзани дејствија во текот на временскиот период од 2015 до 2017 година лицето ги извршил кривичните дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и кривичното дело – Измама на штета на средства на Европската заедница .

Како што објаснуваат од обвинителството одобрените средства биле искористени спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

„Обвинетиот кривичното дело го извршил како одговорно лице – управител на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе каде содружник е и правното лице „АГРОПИОНЕР“ ДОО Скопје управувано од државјанин на Саудиска Арабија. Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности обвинетиот нанел штета на  оштетеното правно лице во кое бил управител и тоа во вкупен износ од  69.825.499,00 денари. Или над еден милион евра.“

Ова е само нов случај во кој има злоупотреба на сретствата на ИПАРД програмата еден од таквите случаи која пак беше отвоен од европски истражители беше и АКТОР проект кој се потпираше на парите од ЕУ фондовите и финансиерите.

Истражителите на ОЛАФ веќе имаат постапувано во неколку претходни ситуации кога постоел сомнеж за измама во случаите на управување со европските фондови за европски образовни програми и мобилност, како и претпристапната помош во инфраструктурните проекти (случајот Актор). Како резултат на такви и слични истраги две години беа суспендирани европските пари за Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.“

0 Коментари

Остави коментари