Официјална Анкара со порака и предупредување
Foto

Официјална Анкара со порака и предупредување

Турција жали што нашата земја ги чекаше изјавите на ЕУ за да се изјасни за т.н операција Извор на мирот предводена од Турција а против терористичките групи во Сирија.

Иако пријателски земји сепак турската амбасадорка во земјава Тулин Еркал Кара вели не е многу изненадена од ваквиот став ако се земе предвид фактот што Р. С. Македонија се стреми кон добивањето на датум за старт на преговорите со унијата но и посочи оти земјава не треба да заборави на досегашната поддршка која ја имала од страна на официјална Анкара - одговарајќи на новинарско прашање како го комкентира ставот на македонскиот државен врв но и на меЃунардоната заедница која не ја поддржа оваа операција.

Дали и како актуелните слчувања со мигрантската криза ќе влијаат врз регионот но и пошироко амбасадорката на Турција не сакаше конкретно да одговори, но јавно постави прашање до високиоте претставници на ЕУ и Меѓународната заедница што ќе се случи доколку Турција ги отвори границите за над 3 милиони сириски мигранти чија цел се токму земјите од ЕУ.

За сега Турција нема намера да ги повлече своите сили од територијата на Сирија додека како што пишуваат и турските медиуми земјата не е сигурна дека веќе не постои опасност од терористички напади. Турската амбасадорка во Скопје денеска информираше дека во операцијата до сега загинати се 4 турски војници, околу 50 тина се ранети, 20 цивили убиени меѓу кои и деветмесечно бебе, а има и околу 170 ранети цивили.

Сепак не одговори колкава е бројката на жртви од другата страна кога е во прашање цивилното население бидејќи како што рече Турција го штити Сириското население а се бори единствено против терористичките трупи. Сепак ваквата акција на Турција до сега не наиде на поддршка од ЕУ и САД.

0 Коментари

Остави коментари