Одземена документација од три фирми кои наменски отвориле портали без импресум
Foto

Одземена документација од три фирми кои наменски отвориле портали без импресум

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведе координирана акција при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сооменение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.

Од ОЈО информираат дека надлежен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција издал Наредба за проверка на фирмите.

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност, стои во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, информираат дека во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со МВР е спроведена акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

0 Коментари

Остави коментари