Одолжени Ф1-трките во Бахреин и во Виетнам
Foto

Одолжени Ф1-трките во Бахреин и во Виетнам

Стартот на новата сезона во Формула 1 претрпе уште едно одложување. Откако синоќа официјално беше откажан настапот во Австралија, претстојниов викенд, сега ФИА соопшти дека ги одложува и следните две трки, во Бахреин и во Биетнам.

За гран-прито на Бахреин веќе беше во сила одлуката за трка пред празни трибини, без публика, но директорот на Формула 1, Чејс Кери и првиот човек на ФИА, Жан Тод, велат дека со оглед на непредвидливоста на коронавирусот во светски рамки - тоа не е доволно. Во консултација со локалните власти и промоторите на трките се решиле за целосно откажување, што ќе значи дека најпопуларниот авто-спорт ќе чека дури до мај за почетокот на новата сезона.

Во Бахреин требаше да се вози на 22 март, во Виетнам на 5 април, а од претходно беше откажана трката во Кина, на 19 април. Следна на календарот е Холандија, која треба да биде новина во календарот на формула 1 (3 мај), но со оглед на состојбата во Европа прашање е дали сезоната ќе почне и таму и во Шпанија, седум дена потоа. Неофицијалните прогнози се дека би можело да се вози дури во Монако, на 24 мај.

0 Коментари

Остави коментари