Одложено судењето за „Тотал“
Foto

Одложено судењето за „Тотал“

Денешното рочиште за случајот „Тотал“ каде обвинет е новинарот и поранешен уредник Драган Павловиќ - Латас е одложено за 17 октомври поради отсуство на член на судечкиот Совет. Предметот се уште се наоѓа во доказна постапка. Републичкиот Обвинител Љубомир Јовески случајот „Тотал“ го распореди повторно кај Елизабета Јосифоска која од СЈО која го застапуваше обвинението. Случајот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ - Латас кој се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а Павловиќ - Латас за 63 илјади евра.

0 Коментари

Остави коментари