Одложено судењето на екс-претседателот на скопски Кривичен, Владимир Панчевски
Foto

Одложено судењето на екс-претседателот на скопски Кривичен, Владимир Панчевски

Не почна судењето за поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски, закажано за денеска во Велешкиот суд.

На рочиштето повторно не се појави обвинетиот Панчевски. Судијката Габриела Гајдова го одложи судењето, бидејќи скопска Апелација, но и Врховниот суд се уште не се произнеле за барањето на Панчевски за изземање на судот во Велес.

Владимир Панчевски е обвинет дека како прв човек на Кривичниот суд го местел системот за распределба „Акмис“ и предметите за функционерите од претходната власт ги доделувал на судии за кои тој сметал дека треба да ги судат. Предметот го суди Велешкиот суд, бидејќи Панчевски беше долги години претседател на Кривичниот суд, кој е месно надлежен за овој предмет.

Следното рочиште е закажано за 24 декември.

0 Коментари

Остави коментари