ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА „ТОТАЛ“, НЕМА КОЈ ДА ГИ ПУШТИ „БОМБИТЕ“ ПРЕДЛОЖЕНИ ОД СЈО
Foto

ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА „ТОТАЛ“, НЕМА КОЈ ДА ГИ ПУШТИ „БОМБИТЕ“ ПРЕДЛОЖЕНИ ОД СЈО

Судењето за случајот „Тотал“ во кое обвинет е Драган Павловиќ Латас се одложи, бидејќи во судница немаше кој да ги пушти „бомбите“ предложени од СЈО како доказ. Како што појасни судијата Ѓоко Ристов, во судот поради летните одмори имало само еден информатичар кој можел да ги пушта аудио разговорите, но тој бил ангажиран на притворски предмет. Наредното рочиште е закажано за 20 септември. Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување.

0 Коментари

Остави коментари