Одложена средбата на ССМ во влада за минималната плата и недела неработен ден

Денешната средба на сојузот на синдикати со владата на која требаше да се разговара за зголемување на минималната плата и за примена на законските измени за недела неработен ден е одложена за следната недела.

ССМ во петок ќе ги  свика  работните тела  за да се активираат штрајкувачките одбори...покрај  зголемување на минималната плата на 18 000 денари и к-15 во јавниот сектор бараат и продолжување на мерката за „замрзнување“ на цените на основните прехранбени продукти и по 31 јануари.