Одложен законот за трговија на зелените пазари
Foto

Одложен законот за трговија на зелените пазари

Со 57 гласа „за“ и 12 гласа „против“ пратениците одлучија да се одложи примената на законот за трговија на зелени пазари. Ваквата разврска селдува откако претходно изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите, меѓу другото и поради тоа што се предвидуваше обврска за пазарџиите да плаќаат лиценца од 60 евра. Пратеникот Ејуп Алими, кој беше еден од предалагачите на спорниот закон сега тврди дека со ова им се дава рок на пазарџиите и и владата да се усогласат. ВМРО-ДПМНЕ пак обвини дека власта манипулира со пазарџиите – бидејќи, опозицијата достави предлог со кој спорниот закон се предвидува да биде укинат, а не одложен, но владејачкото мнозинство го одби предлогот.

0 Коментари

Остави коментари