Одлични вести: Митревски е на пат за Дебрецин!

Првиот чувар на мрежата на машката ракометна репрезентација на Македонија, Никола Митревски веќе е на пат за Дебрецин. Тој уште попладнево ќе му биде на располагање на селекторот Кирил Лазаров во пресрет на вториот меч од ЕП 2022 против Црна Гора, кој се игра утре во 18 часот.

Митревски беше еден од четворицата играчи кои на последното тестирање пред тргнувањето на селекцијата за Унгарија доби позитивен тест на ковид-19. Голманот немал никакви симптоми, па поради тоа подлежел на четири дополнителни теста за вирусот и сите биле негативни. Ракометната федерација тоа го посочи до Европската ракометна федерација (ЕХФ) која даде „зелено светло“ Митревски да се појави во Дебрецин.

Тој ќе подлежи на уште еден тест за ковид-19 и доколку е негативен ќе може да настапи утре против Црна Гора.