Од понеделник почнува прва фаза на Пописот - ќе се попишуваат иселеници, затвореници и бездомници
Foto

Од понеделник почнува прва фаза на Пописот - ќе се попишуваат иселеници, затвореници и бездомници

Во понеделник, 1. март, еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски денеска на прес конференција информираа дека оваа активност ќе се спроведе во периодот од 1 март до 21 април 2021 година.

МНР ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Самопопишувањето ќе се одвива преку веб апликација, која, како што посочи Симевски, е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста личните податоци е осигурана.

Министерот Османи рече дека МНР како одговорно за диајспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишта онлјан преку веб страницата на ДЗС.

– ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функциони ра 24 часа и ќе биде се достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата, рече Османи.

Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот, според министерот, ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспоарата, за усулгите што им се потребни на иселениците.

– Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините заошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме, истакна Османи.

0 Коментари

Остави коментари