Од понеделник – нова методологија за пресметка на цената на горивата
Foto

Од понеделник – нова методологија за пресметка на цената на горивата

Завршува слободното формирање на цените на горивата. Од понеделник ќе стапи на сила нова методологија. Од регулаторната комисија велат дека на трговците ќе им бидат признаени помали трошци и маржи – што треба да повлече поевтинување. Сепак – остануваат на сила два фактори за формирање на цената – курсниот сооднос денар-долар и цената на нафтата на светските берзи. Сега цената ќе се формира секој понеделник.

0 Коментари

Остави коментари