Од почетокот на пандемијата со ковид 19 заразени 349 деца на возраст до 9 години
Foto

Од почетокот на пандемијата со ковид 19 заразени 349 деца на возраст до 9 години

Благ пораст на деца со коронавирус забележуваат здравствените работници од детската болница КОЗЛЕ периодов. Директорот за ТВ 24 вели дека како што расте бројката на родители со КОВИД19 така расте и бројката на заразени деца.

За среќа, децата не пројавуваат тешки симптоми и кај нив не се забележува нагло влошување на здравствената состојба како кај возрасните пациенти. Во болница најчесто доаѓаат со покачена температура и кашлање.  

„Кога станува збор за деца можам да кажам дека тука имаме благ пораст на оние кои што доаѓаат да побараат помош и да бидат дијагностицирани и можам да забележам дека бројката кај сите оние родители што се позитивни расте и бројката на децата. За среќа токму кај децата немаме проблематика и немаме некои осцилации кај нив. Ги третираме симптоматолошки, високата температура, кашлицата, но сепак нивната клиничка слика е многу поблага отколку кај возрасните пациенти.“ - вели д-р Ангелчо Андоновски – Диркетор на Детска болница Козле

И покрај недоумиците дали вирусот се пренесува преку воздух, дел од педијатрите порачуваат дека вирусот не лета во воздухот и доколку се внимава на држењето дистанца велат нема опасност од зараза. Во однос на носењето на маски кај децата пак велат: 

„Сепак ќе кажам дека кај децата во текот на играта не можеме да им наметнеме носење на маска, но од друга страна секаде каде што сакаме да го заштитиме детето а тоа е во толпа, во моловите некаде каде што има групирање на повеќе лица треба да ја ставиме заштитната маска но сепак не можеме на најмалите дечиња да им наметнеме во текот на играта да носат маска.“ - вели д-р Андоновски.

Според статистиките на здравствените власти, од почетокот на епидемијата до сега кај вкупно 349 деца на возраст до 9 години е дијагностициран коронавирусот, а кај над 357 деца на возраст од 10 до 19 години. Двомесечно бебе е најмладиот пациент во детската болница Козле кој што го победил коронавирусот. 

0 Коментари

Остави коментари