Од компанија „Дурмо турс“ изразија сочувство до семејствата на починатите
Foto

Од компанија „Дурмо турс“ изразија сочувство до семејствата на починатите

Од компанија „Дурмо турс“, чиј што автобус се преврте на автопатот Скопје-Тетово изразија сочувство до семејствата на починатите.

„Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочувство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагична несреќа“ - велат од компанијата.

Додаваат и дека нивните возила редовно се сервисираат и ги поседуваат сите потребни лиценци.

 

 

0 Коментари

Остави коментари