Од клиниката на Жан Митрев со Чадиковски си заминуваат и другите десеттмина
Foto

Од клиниката на Жан Митрев со Чадиковски си заминуваат и другите десеттмина

По пет месеци, детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски поднесе оставка во болницата на Жан Митрев. Чадиковски ја потврди информацијата, посочувајќи дека оставката веќе е депонирана. Со Чадиковски најверојатно ќе заминат и  останатите членови од тимот кои со него поминаа во клиниката на Жан Митрев.

Чадиковски, е единствен лиценциран детски кардиохирург. На клиниката за детска хирургија работеше 20 тина години по што пред пет месеци направи трансфер во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и болницата на Жан Митрев се договорија фондот да ги покрива операциите.

Неофицијално, Чадиковски и неговиот тим ќе заминат во Систина.

0 Коментари

Остави коментари