Од каде ќе заигра „метлата“ што ја најави Заев?
Foto

Од каде ќе заигра „метлата“ што ја најави Заев?

Стево Пендаровски е новиот претседател на државата. Европската Унија и НАТО со честитики. Република Северна Македонија го избра прозападниот кандидат – анализираат светските медиуми. Сиљановска изгуби со 58 500 гласови, но на ВМРО-ДПМНЕ му донесе повеќе од 377 илјади гласачи. Дали опозицијата ја враќа политичката сила или пак по загубата на претседателските избори, Мицкоски ќе се соочи со внатрепартиски пристисок за реформи? Власта го прошири влијанието, поголема моќ носи поголема одговорност. Славеничката еуфорија ќе помине – граѓаните повторно ќе чекаат резултати. Од каде ќе заигра „метлата“ што ја најави Заев?

За изборните резултати и што потоа – анализираат Мерсел Билали, професор и надворешен соработник на премиерот, Јове Кекеновски професор и предводник на движењето за реформи Фродем, и Сафет Бишевац – поранешен пратеник и новинар.

0 Коментари

Остави коментари