Од јавен во приватен сектор - дилеми како ќе се спроведува трансферот на администрацијата
Foto

Од јавен во приватен сектор - дилеми како ќе се спроведува трансферот на администрацијата

Реформата на администрацијата со која вишокот вработени од јавниот сектор треба да го преземе бизнисот, отвори многу дилеми во јавноста. 

Сојузот на стопански комори се сомнева дури и дали моделот може да биде успешен. Првиот човек на комората, Арсовска му порача на Манчевски дека на бизнисот му недостасува квалификуван кадар, а не административците кои Манчевски планира да ги испразни од јавниот сектор. Бараат јасни критериуми за целиот процес како и преквалификација на административците. 

„Факт е дека во приватниот сектор има дефицит на кадар, но тој дефицит е за специфични занимања, односно за занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот и такви во овој момент се поретко и поретко се наоѓаат во Македонија. Она што се јавува како дилема е најпрво дали и колку воопшто кадрите кои што се во јавната администрација ќе сакаат да преминуваат во јавниот сектор, бидејќи како што кажавме има извесна дисторзија на тоа како тие гледаат на тоа што е приватниот сектор и на тоа кои се платите кои што во приватниот сектор се нудат особено за оние занимања за кои што ние имаме потреба. А вториот дел е тоа што за истите ќе треба соодветна доквалификација и преквалификација“- вели Арсовска. 

Според Арсовска прашање е и дали тие лица ќе сакаат да се преквалификуваат, колку ќе трае тој процес и што со тој вакум период додека тоа се прави. Загрижени се и за тоа колку тие работници ќе бидат продуктивни во приватниот сектор.

Манчевски денеска не беше достапен за изјава. Им порача дека препукување преку медиуми не е начин да се решат проблемите и бара конструктивни предлози.

„Трансферот на вработеите од јавен во приватен сектор е нов концепт во Македонија, и секако дека има голем дел на отворени прашања и дилеми, кои за да се затворат неопходни се конструктивни предлози од сите засегнати страни. Свесни сме дека моменталната состојба со работната сила и во двата сектори е неодржлива, и одлучни сме тоа да го промениме со заеднички сили и заедничка работа, стоин во реакцијата на МИОА“- стои во реaкцијата на МИОА.

Министерството планира процесот на премин на административците во приватниот сектор да почне до крајот на годинава. Прво треба да се направи анализа и потоа модел по кој тој ќе се изведува. Колку лица од адмистрацијата се вишок за сега никој не кажува. Но, синдикалците беа категорични дека нема да дозволат ниеден вработен во јавниот сектор да биде избркан од работа.

0 Коментари

Остави коментари