Од денеска повторно бесплатен превоз за пензионерите
Foto

Од денеска повторно бесплатен превоз за пензионерите

Олабавувањето на мерките ги олабави и граѓаните. Откако повеќе не важат забраните за движење, улиците се повторно во својот препознатлив хаос. Редици автомобили , гужви на пазарите а од денес повторно гужви и во јавниот градски превоз . Согласно забраните за движење на граѓаните , градскиот јавен превоз беше редуциран, но со укинувањето на забраната за движење и автобусите возат по вообичаениот возен ред.

Бесплатниот јавен превоз за корисниците на пензија , од денес започна да ги полни градските автобуси.

Пензионерите денес беа најчестите корисници на јавниот превоз, повеќето од нив со маски , но на места без почитување на физичката дистанца . Од сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, задоволни од оваа одлука на Владата, но со апел до пензионерите за доследно почитување на мерките и користење на превозот само за неопходни потреби.

Иако го користат јавниот превоз, пензионерите не се сигурни за својата безбедност.

„Безбедно, па не знам, ние сме пензионери, денес сефте излегуваме.“

„Не се чуствуваме. Сега се возев со 23ка, тоа беше катастрофа ,човек до човек бевме.“

„Сега во овој момент во автобусите треба да има најмногу 10 до 15 патници“.

„Може маскиве не штитат. Горе од Соње по 5-6 души доаѓаме нема многу гужва“.

Со повторното воведување на бесплатниот превоз се остава простор за ширење на вирусот , со оглед на тоа дека во автобусите не се одржува препорачаната дистанца од 2 метри, а дел од патниците не носат ниту маски. Градоначалникот Шилегов денес изјави дека евентуално повторно укинување на беспалтаниот превоз ќе има доколку за тоа има препораки од Комисијата за заразни болести .

Состојбата со коронавирусот и брзото ширење во скопската општина Чаир будно се следи и од кризниот штаб на општината, градоначалникот Ганиу апелираше граѓаните да бидат разумни и да ги почитуваат мерките за заштита.

„Свесен сум за потрошеното трпение и желбата за враќање во нормала , но сепак ризикот уште постои и можноста за заразување е сеуште голема, затоа да бидеме добар пример на оваа состојба а не спротивното“. - изјави Ганиу

66 дена во Македонија беше применуван полициски час, кој на граѓаните им го ограничи движењето со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

0 Коментари

Остави коментари