Од денеска нема влез во Македонија без пцр тест
Foto

Од денеска нема влез во Македонија без пцр тест

Од денеска за влез во Македонија од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да се приложи негативен PCR тест не постар од 72 часа.

Владата ја прифати препораката на комисијата за заштита од заразни болести, која 14 дена по отворањето на границите без никакви ограничувања сега препорача државјаните на овие земји да приложат доказ дека немаат коронавирус, со оглед на порастот на заболени.

Препораката на комисијата е усвоена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји како начин за заштита од ширење на коронавирусот, вели министерот за здравство.

И додека комисијата за заштита од заразни болести предлага нови мерки поради загрижувачката епидемилошка состојба со коронавирусот во соседството, министерот за здравство Венко Филипче ги убедува граѓаните дека е безбедно да излезат и да гласаат на изборите кои треба да се одржат следната недела. Според министерот изборите кои ќе се одржат следната недела нема да резултираат со нови кластери на заразени.

Засега не се препорачува носење на маски додека граѓаните се движат сами на отворено, возат велосипед, или кога се во лифт, иако и СЗО ги призна сознанијата на голем број научници, дека коронавирусот се пренесува и преку воздух. Мнистерот вели дека Прашање е колку може да издржи во воздухот  и порача дека  маската како надополнување на држењето дистанца согласно потврдените сегашни сознанија е доволна мерка.

0 Коментари

Остави коментари