ОБВИНИТЕЛСТВОТО КОНТРА ЦАРИНАТА, НЕ ВОДИ ПОСТАПКИ ПРОТИВ ДВАЈЦАТА ЦАРИНИЦИ КОИ ГО ПОСЕТИЈА ГРУЕВСКИ
Foto

ОБВИНИТЕЛСТВОТО КОНТРА ЦАРИНАТА, НЕ ВОДИ ПОСТАПКИ ПРОТИВ ДВАЈЦАТА ЦАРИНИЦИ КОИ ГО ПОСЕТИЈА ГРУЕВСКИ

И покрај изјавата на директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, дека за еден од двајцата посетители на Никола Груевски, во Будимпешта, се води кривична постапка вистината е малку поинаква.

Имено, од Јавното обинителство за гонење на организиран криминал и корупција за телевизија „24“ потврдуваат дека немаа нова кривична постапка како за Александар Трајковски, така и за Трајан Милошевски, брат на личниот возач на Никола Груевски.

- „Јавното обвиителство за гонење на организиран криминал и корупција не води постапка за лицата кои деновиве се споменуваат во јавноста. Она што можам да го потврдам е дека на тие две лица им беа одземени мобилните телефонски апарати и дека тие се предадени за вештачење.“ - изјави Билма Русковска.

Она што барем засега е извесно е дека Трајковски и Милошевски ќе бидат санкционирани со преместување на нови работни места, односно дека првиот наместо архивар ќе работи како магацинер, а вториот, на работна позиција која Царуината не се соопштува.

Објавата на фотографии на кои освен пребеганиот Никола Груевски се и Трајковски и Милошевски ја заинтригира целокупната домашна јавност, бидејќи фотографиите беа направени во Будимпешта.

Патувањето во Будимпешта, Трајковски, кој е еден од обвиниетите во случајот „Насилство во Општина Центар“, го оправда со потреба од медицински испитувања.

Кој му бил мотивот на Милошевски да патува во Унгарија останува непознат.

Случајот со посетата на Будимпешта, дополнително, доби на тежина со вчерашното огласување на Никола Груевски на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде тој дава свое видување на состојбите во земјата, почнувајќи од договрот во Преспа, преку прифаќањето на амандмани и потребниот број на пратеници за изгласување на измена на Уставот, до наводниот политички прогон на неговите довчерашни соработинци.

Објавата на Груевски се случи во ист ден кога кривичниот суд го прифати второто обвинение на Специјалното јавно обинителство за случајот „Талир“. Второто обвинение се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, а првото за изградбата на зградата на партијата. Груевски е обвинет со двете обвиненија.

0 Коментари

Остави коментари