Обвинителството бара смртна казна за напаѓачот од Тексас
Foto

Обвинителството бара смртна казна за напаѓачот од Тексас

Американски обвинители побараа смртна казна за напаѓачот од Тексас кој застрела 20 луѓе...против 21 годишнииот патрик красиус веќе е Поднесено обвинение за убиство, а федералните власти го третираат масакрот како случај на домашен тероризам.

„Ние ќе го сториме она што им го правиме на терористите во оваа земја, ќе обезбедиме брза и безбедна правда.“ - изјави Џон Баш – Државен обвинител.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, вели дека дека нападот најверојатно е извршен поради омраза а слична потврда стигна и од полицијата од каде соопштија дека тој бил извршен во дел од градот кој има мнозинство латиноамериканско население.

А американскиоот претседател Доналд Трамп смета дека медиумите се одговорни за нападите што се случија во Охајо и во Тексас каде загинаа вкупно 29 луѓе. По смртоносните напади Трамп ги обвини лажните вести за создавање омраза во државата и дека медиумите се тие што треба да бидат одговорни за јавната безбедност. Претседателот на САД ги повика преставниците на републиканците и демократите да се обединат и да донесат закони со кои ќе се бараат построги проверки на купувачите на огнени оружја.

„Нашата нација мора да ги осуди расизмот и фанатизмот. Денеска е многу лесно, проблематичната младина да се опкружи со култура која слави насилство. Мораме веднаш да го запреме тоа.“ - изјави Трамп.

Државните знамиња во американската престолнина и низ целата земја од синоќа се спуштени на половина копје поради масовните убиства кои се случија за време на викендот. Во саботата , в градот Ел Пасо, Тексас, вооружен напаѓач усмрти 20 лица а 26 беа повредени. Неколку часа подоцна, во сличен напад во Дфејтон, Охајо беа убиени 9 лица а повредени 27

0 Коментари

Остави коментари