Обвинет за „Крвавиот четврток“: УБК го организираше упадот во Собранието
Foto

Обвинет за „Крвавиот четврток“: УБК го организираше упадот во Собранието

Претседателот Иванов на 27ми арпил требало да прогласи вонредна состојба. Ова денес во својот исказ пред судот го нагласи обвинетиот Михаил Младеновски, кој го нарече Упадот во Собранието свесно направена манипулациј. Малденовски го посочи советникот на претсеадтелот Иванов, Синиша Алексовски дека ги информирал за тоа. Според него Алексовски уште кажал дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ.

„Ми кажаа дека Синиша Алексовски, вработен во кабинетот на претседателот, кажал дека претседателот треба да се обрати во 22 часот и дека ќе прогласи воена состојба. Ова го чув откако излеговме од Собрание и отидовме во паркот Жена-борец”, раскажа обвинетиот Младеновски.

Во врска со тоа дали тој и групата што била раководена од Нинџа носеле оружје во Собранието, овој обвинет рече дека лично тој немал оружје со себе, но познато му било дека Нинџа имал дадено оружје. А за него кажал дека му било од директорот на УБК. Тој тврдеше дека за тоа како да се влезе во Собранието, инструкции добивал од Никола Бошковски кој што како обвинет за прислушувањето избега во Грција. Во судницата исказ даде и братот на Михаил Младеновски, Стефан, Според кого настаните од крвавиот четврток се одвивале по сценарио поддржано од УБК и тогашниот директор на институцијата Владимир Атанасов но и Александар Василевски Нинџа. Според неговото објаснување - протестите логистичка поддршка имале и од сите ограноци на ВМРО-ДПМНЕ а возилото што ги предводело било во сопственост на општинскиот комитет на партијата во Кисела вода.

-Кољо му се јави на мојот брат на 27 април околу 13 часот и не викна да одиме во „Дион“. Таму Нинџа беше присутен заедно со неговата екипа и не извести дека денес е денот. Подоцна го слушав како му вели на Кољо дека треба да земат маски му даде пари по што се упативме до продавницата. Некаде околу 18 и 40 часот Кољо ни кажа дека Нинџа рекол да тргнеме кон Собранието и тргнавме со група од околу 50 луѓе. Некаде кај Жена парк Кољо ни рече дека се влага во Собрание и да ставиме маски, при што ставија само некои од нас. Кога ги видов пратениците од СДСМ во прес центарот ми беше јасно дека сме наместени.“

Одбраната на Младеновски пак денеска посочи дека тој се бранел со вистината и дека неговите искази се поклопуваат и со неговите првични излагања.

„Дел од неговиот исказ што го даде се совпадна со воведните говори од почетокот на судењето.“ - вели Сашко Христовски Липски, адвокат на Стефан Младеновски.

За случувањата во собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

0 Коментари

Остави коментари