ОБСЕ/ОДИХР: Мирен изборен ден, регистрирани наводи за поткуп
Foto

ОБСЕ/ОДИХР: Мирен изборен ден, регистрирани наводи за поткуп

Изборите беа добро организирани а денот на гласање помина мирно и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите. Сепак правната сигурност остава простор за загриженост. Ова е првичната оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР по одржувањето на вчерашните предвремени парламентарни избори 2020 година. 

Во извештајот меѓу другото пишува дека правната сигурност на земјата е поткопана поради честите промени на законите и неколкуте последователни владини уредби со законска сила.

На новинарско прашање што препорачува ОБСЕ/ОДИХР за, како што рече таа, неспроведувањето на препораките за системски реформи, Андрикиене, меѓу другото кажа дека Избирачкиот список мора да биде точен и јасен а промените мора да се направат најмалку една година пред одржување на изборите. 

Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има забелешки и во однос на работата на медиумите а како што изјави Андрикиене во врска со медумското известување за изборите генерално му недостасувало критичка анализа на програмите на партиите, а правилата за политичко рекламирање ги фаворизираале трите најголеми политички партии. 

За вчерашниот пад на компјутерскиот систем на Државната изборна комисија (ДИК), Андрикиене рече дека тоа е многу важно прашање, тие ги следат настаните, свесни за техничките потешкотии и ќе продолжат да ја следат ситуацијата.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе остане во земјава до 23 јули. Конечниот извештај со заклучоци и потенцијални препораки,  ќе биде објавен наесен.

0 Коментари

Остави коментари