ОБСЕ: МНОГУ Е ВАЖНО СЈО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА НА НЕЗАВИСЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН НАЧИН
Foto

ОБСЕ: МНОГУ Е ВАЖНО СЈО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА НА НЕЗАВИСЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН НАЧИН

Критики и апел за нов мандат на Специјалното Јавно Обвинителство, доби Катица Јанева од шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава. Која бара да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи и изрази загриженост за законот за специјалното јавно обвинителство. Тема за која подолг период се препукуваат власта и опозицијата.

„Неизвесноста за СЈО треба да се осврнеме на тоа, сме загрижени за нацртот на законот за СЈО, сме загрижени за рокот за СЈО. Мандатот на СЈО наскоро ќе заврши, клучната улога на СЈО во ревоспоставување на одговорноста. Важно е СЈО да продолжи да работи“- рече Клеменс Која, Шеф на мисијата на ОБСЕ во РСМ.

Времетраењето на постапките, пречестото одложување на рочиштата и законските рокови кои се ризик за нивно бегство- се само дел од забелешките на ОБСЕ во вториот извешај за периодот од 2016 до 2018 година. Бараат измени во законот за извршување санкции, бидејќи осудениот Никола Груевски избегал заради 20-те дена простор, меѓу д правосилноста на пресуда до извршувањето на затворската казна..

ОБСЕ му забележува на СЈО дека дел од предметите се преплавени со непотребни докази и со сведоци.Дека не ги дало на одбраната да ги преслуша доказите од „бомбите“. Адвокатите пак на обвинетите се пожалија на пречестите рочишта. Но, ОБСЕ и Јанева им порачаа да застапуваат толку обвинети за колку што можат да подготват одбрана.

„Има обвинети кои што секој ден се во судница и тоа не само за еден предмет туку им се закажуваат рочишта на два или три предмета во исто време. Така би укажала и на тоа дека не само ние како бранители немаме можност да ја подготвиме одбраната туку неиздржливо е и за обвинетите кои секојдневно се на судење“- Сања Алексиќ.

„Не е тука местото за тие работи да се потенцираат и не сме ние тука дојдени да ги жалиме обвинетите дали се многу на судење или малку.Тие се обвинети и ќе бидта во суд, нормално секј ден како што е ред“.- рече Јанева.

Јанева очекува до крајот на годинава да има пресуди во повеќето предмети на СЈО. Тоа пак адвокатите го оценија како притисок, и така ќе се донеселе пресуди со аномалии и повреда на правата на обвинетите. Неиздржано за ОБСЕ беше и нивното барање да нема повторни судења за Грујевски и Бошковски бидејќи нивната екстрадиција била одбиена од Грција.

Јанева пак одби да одговара за други предмети како „Империја“, и новинарите ги упати писмено да се обратат до СЈО.

0 Коментари

Остави коментари