Образовен егзодус и одлив на мозоци од земјава, надлежните се уште кројат стратегии
Foto

Образовен егзодус и одлив на мозоци од земјава, надлежните се уште кројат стратегии

Разочарани и фрустрирани од политичката состојба - поради ова најчесто младите во земјава се одлучуваат за билет во еден правец и ја напуштаат земјава. Мрежата за одлив на мозоци во последното истражување вели дека државата годишно губи речиси 16 илјади евра за секој отселен млад човек. 

Додека младите неповратно си одат, надлежните кројат стратегии. Од Министерството за образование тврдат дека младите имаат еднакви можности па преку стипендии и мобилност се надеваат дека еден ден своето знање и искуство ќе го вратат дома.

Без попис нема конкретни податоци колкав е бројот на млади кои ја напуштиле земјава.

Податоците на Светска банка покажуваат дека четвртина од населението во земјава односно 500 илјади луѓе ја имаат напуштено државата.

0 Коментари

Остави коментари